Извлечена четвртата највисока премија во историјата на лотаријата, од 750 милиони долари

Добитните бројки за лотариската игра Powerball Jackpot, четвртата најголема премија во историјата на лотаријата, се извлечени во четвртокот вечерта, а добнините лозови се купени во сојузните држави Ајова и Њујорк.

Добитните тикети се објавени во неделата рано утрото, но ниеден од добитниците уште се нема пријавено.

Овој Powerball Jackpo е втората астрономска добивка извлечена оваа седмица по 1,537 милијарди долари на лотаријата Mega Millions, за која лозот е продаден во сојузната држава Јужна Каролина.

Лотаријата Powerball се приредува во 44 сојузни држава, федералниот округ Колумбија односно дистриктот Вашингтон, на американските Девствени острови и во Порторико, додека Mega Millions се игра во истите подрачја, освен Порторико. Цената на лозот изнесува 2 долара, а вкупниот приход од нивната продажба достигнува неколку милијарди долари.

Најголемата добивка на Powerball изнесуваше 1,6 милијарди долари, а го поделија добитници од Калифорнија, Флорида и Тенеси во јануари 2016 година, додека најголемата сума освоена на Mega Millions изнесуваше 656 милиони во 2012 година .Тогаш, исто така, добитни беа три лоза чии сопственици ја поделија сумата.\

Можноста за добивка на Powerball изнесува 1 наспроти 292 милиони. Статистичарите велат дека тоа значи дека тоа значи дека секој Американец има 25 пати поголеми шанси да стане претседател на САД отколку да ја освои главната премија на Powerball. Шансите на Mega Millions, пак се 1 наспроти 303 милиони.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.