Познати се групите за годинешното изданиe на Копа Америка, континентално фудбалско натпреварување во Јужна Америка.
Турнирот ќе се игра во Бразил, а гости ќе бидат катарската и јапонската репрезентација кои добија специјална покана.
Состав на групите:
А-група: Бразил, Боливија, Венецуела и Перу.
Б-група: Аргентина, Колумбија, Парагвај и Катар.
Ц-група: Уругвај, Еквадор, Јапонија и Чиле.
Бранител на трофејот е Чиле, а турнирот ќе се игра од 14 јуни до 4 јули.