Извлечена „црна кутија“ од урнатиот индонезиски авион

Нуркачите на индонезиската воена морнарица извлекле една од двете ткн „црни кутии“ од индонезискиот патнички авион кој во саботата со 62 патници и членови на екипажот се урнa во морето, пренесуваат локалните медиуми.

Засега од информациите не е јасно дали станува збор за уредот кој ги снима податоците за летот кој е во задниот дел од авионот, или за уредот кој ги снима разговорите и податоците од пилотската кабина или, пак, за двете.

Според локалната телевизија, се гледало како нуркачите носат уред кој се наоѓал во бела кутија, во командниот центар за потраги во главното пристаниште на индонезиската престолнина Џакарта.

Податоците од „црните кутии“ би можело на истражителите да им ги расветлат причините за трагедијата. Авионот од типот „Boeing 737-500“ на индонезиската воздухопловна копанија „Sriwijaya Air“ се урна во саботата претпладнето по локално време, само четири минути откако полетал од аеродромот во Џакарта. Според метеоролошката служба, во областа во која летал авионот имало невреме, со грмотевици а авионите кои летале во областа пријавиле и силни трубуленции, но видливоста била добра.

Најмалку 3.600 луѓе се вклучени во покрагата во вторникот, што е зголемување за 2.600 од понеделникот. Покрај тоа, и брод со подводен сонарна технологија им се придружил на десетиците други разни пловила, изјавикл за медиумите пшефот ан операцијата на националната агенција за потраги и спасувања.

„Се надеваме дека со нашите ресурси, детектирањето под водата ќе биде зголемено, со поддршка на добрите временски прилики“, рекол бригадниот генерал Сарман.

Полицијата во понеделникот ја идентификуваше првата жртва во несреќата, откако ги споредила отпечатоците на прстите со делови од телото пронајдени во Јаванското Море.

Спасувачките екипи веќе пронајдоа делови од авионот, меѓу кои и оштетената турбина од мотор и делови од тела со кои се наполенти 74 пластични вреќи. Од Националниот кометет за безбедност во транспортот рекле дека авионот се распадна при ударот со морската површина и дека намало знаци на расапаѓње на леталото во текот на летот.

Домашниот лет SЈ180 во траење од 90 минути требало да се одвува од Џакарта за Понтијанак во провинцијата Западен Калимантан на островот Борнео. Министерството за сообраќај во вторникот потврди дека пред падот сертификатот за авионит бил продолжен до декември 2021 година.

„Управата за цивилно воздухопловство спроведувала рутински инспекции пред продолжувањето на сертификатот на воздухопловниот транспортер за авионите на ‘Sriwijaya Air’ во ноември 2020 година“, изјави портпаролката на министерството Адита Травати.

И пред несреќата од саботата повеќе луѓе загинале во воздухопловните несреќи во Индонезија отколку во која и да е друга земја во измината деценија, покажуваат податоите на Мрежата за безбедност во авиосообраќајот. Оваа несреќа е третата голема во која е вклучена индонезиска воздухопловна компанија од 2014 година.

Авион на компанијата „AirAsia“ со 162 лица се урна во Јаванското море крај островот Борнео кусо по полетувањето на 28-ми декември 2014 година. Во октомври 2018 година, авион од типот „Boeing 737 MAX“ на најголемата индонезиска воздухопловна компанија „Lion Air“ се урна, исто така, во Јаванското Море, кога загинаа 189 луѓе.

Индонезија, која е составена од илјадници острови, доживеа процит на нискотарифните воздухопловни превозници по либерализацијата на воздухопловниот сектор на почетокот од 200-те години.

Европската унија во 2018 година ја укина забраната за индонезиските воздухопловни компании, која беше воведена во 2007 година по низата смртоносни авионски несреќи. Неколку индонезиски компании, меѓу кои транспортната „Garudu“, беа симнати од листата за забрани на ЕУ ипште во 2009 година, поради преземањето мерки за подобрување на безбедноста на летањето. Меѓународната организација за цивилно воздухопловство во 2017 година (ICAO) во 2017 година ја рангираше безбедноста на воздухопловниот сообраќај на Индонезија како над глобалниот просек, со стапка на усогласеноста до 81,15 отсто.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.