Извлечена жрепката за клупското Светско првенство во фудбал

Во фудбалската академија „Мохамед VI“ во градот Сале денеска се одржа жрепката за Светското клупско првенство, кое од 1 до 11 февруари ќе се одигра во Мароко.

На Светското клупско првенство во организација на ФИФА ќе настапат седум екипи, победници на најсилните континентални натпреварувања (Реал Мадрид, Фламенго, Казабланка, Сиетл, Оукленд), африканскиот вицешампион Ал Ахли и претставникот од Азија (Ал Хилал).

Клупското СП ќе биде отворено со дуелот меѓу Ал Ахли и Оукленд, а победникот во четвртфиналето ќе игра против првакот на КОНКАКАФ, Сиетл, додека подобриот од таа пресметка во полуфиналето го чека европскиот шампион Реал.

Во вториот дел од жрепката е јужноамериканскиот шамопион Фламенго, кој во полуфиналето ќе игра против победникот од дуелот меѓу Казабланка и Ал Хилал.

Финалето и натпреварот за третото место се на програмата на 11 февруари.

Сите натпреварите ќе се играат во мароканските градови Рабат и Тангер.

Титулата лани ја освои Челзи, совладувајќи го во финалето бразилски Палмеирас.

Најмногу светски клупски титули има Реал – 7, по што следуваат Милан и Баерн со по четири трофеи.