Извозот на иранската нафта паднал под 500.000 барели дневно

Извозот на иранската сирова нафта во мај паднала на 500.000 барели дневно или помалку, пишува Reuters повикувајќи се на податоци и извори од нафтената индустрија, откако САД ги заострија санкциите за главниот извор на приходи за Иран, со што се продлабочија глобалните загуби во снабдувањето и одржувајќи ја цената на нафтата на 73 долари за барел.

САД повторно ги воведоа санкциите против Иран ланскиот ноември, откако еднострано се повлекоа од меѓународниот нукеларен договор кој Техеран по долги преговори го потпиша со шесте светски сили во 2015 година. Вашингтон на почетокот од мај ги укинаа и изземањата од санкции меѓу увозниците на иранска нафта, со што сакаат да ја сведат продажбата на иранска нафта „на нула“.

Иран, без оглед на американскиот потег, до средината на мај продавал меѓу 250.000 и 500.0000 барели нафта дневно, според изворите од нафтената индустрија кои ги следат токовите на продажбата. Податоците на ресурсот Refinitiv Eikon говорат за околу 250.000 извезени барели сирова нафта дневно и околу 400.000 барели кондензати.

Главнината од сировата нафта се испорачува во Азија, велат извори од нафтената индустрија, а нејасно е кој ја купува нафтата и дали таа оди до крајните потрошувачи или се складира.

„Главните дестинации се Индија и Кина. Ги нема повеќе Европа или Турција“, рекол за Reuters извор од индустријата кој сакал да остане анонимен. Ирански функционер одбил да ги коментира податоците за извозот.

Иранскиот извоз од април се намалил за повеќе од половината. Тогаш Иран извезувал малку помалку од милион барели дневно. Моменталниот извоз претставува петтина од извозот од 2,5 милиони барели дневно кои Иран ги извезуваше во април 2018 година, пред повлекувањето на САД од нуклеарниот договор.

Иранскиот извоз стана помалку видлив откако американските санкции беа потворно наметнати ланскиот ноември. Техеран повеќе не ја известува Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC) за своето производство, поради што не постојат прецизни информации за иранскиот извоз.

Аналитичарите очекуват натамошно опаѓање на иранскиот извоз на нафтата во текот на мај. Сара Вакшури од SVB Energy International очекува извоз меѓу 200.000 и 550.000 барели дневно. „Иран веќе има многу складирана нафта и кондензати во Кина… Не очекуваме значителни испораки на нафтата во текот на мај“, додава.