Извозот на заштитна опрема е речиси 300 отсто поголем во април, городост на текстилни компании

32

Да се гордееме со домашните текстилни компании. Брзо се адаптираа и произведуваат заштитна опрема во полн капацитет!, напиша министерката за финансии Нина Ангелоска на својот фесбук профил.

– Извозот на маски, скафандери и друга заштитна опрема е речиси за 300 отсто поголем во април споредено со април минатата година. Македонските маски и опрема ќе го заштитат здравјето на илјадници граѓани ширум светот, наведува во објавата.

Таа додава дека најмногу заштитна опрема според вредност сме извезле во  Германија, Катар, Холандија, Белгија и Австрија.

Оценува дека брзата адаптација е клучот за успехот.

-Се шијат и извезуваат:маски, скафандери, заштитни одела, па дури и торбички и футроли за маски. За 300% е зголемен извозот на ”други текстилни производи”: април 2020  390 милиони денари, април 2019  135 милиони денари,наведува министерката и додава дека тоа е пример за сите  и дека најбргу ќе ја пребродат кризата, оние кои најбрзо ќе се адаптираат.

Порачува да се обидеме да бараме можности во проблемите, наместо проблеми во можностите.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.