Извозот зголемен за 15,1 отсто во првите четири месеци од 2014 година

Извозот на стоки во првите четири месеци од годинава од земјава изнесува 1.510.588 илјади американски долари и бележи раст од 15,1 отсто, додека вредноста на увозот е 2.316.124 илјади американски долари и бележи раст од 10,3 проценти, објави Државниот завод за статистика. Според објавените податоци покриеноста на увозот со извоз е 65,2 отсто, а трговскиот дефицит изнесува 805.536 илјади американски долари.

Од Македонија најмногу се извезувале катализатори на носачи со благородни метали или нивни соединенија, феросилициумот, фероникелот, сетови на проводници за палење и слично, за возила, авиони, производите од железо и челик (валани производи) и облеката.

Од странство се увезувало сурова нафта, платина и легури на платина, необработени или во прав, електричната енергија и други метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав.

Во првите четири месеци од годинава најмногу се извезувало 78,7 проценти во земјите членки на ЕУ и земјите од Западен Балкан 13 проценти. Се увезувало, исто така, 63,9 отсто од ЕУ.

Најмногу сме тргувале со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Италија. Со овие земји се врши 52,4 отсто во вкупната надворешно-трговска размена.