Извршниот директор на Apple си ја намали платата за 35 милиони

Извршниот директор на американскиот технолошки гигант „Apple“, Тим Кук оваа година ќе го намали својот годишен платен пакет за над 40 отсто, а од компанијата велат дека Кук го побарал намалувањето по критиките на акционерите.

Минатата година акциите на „Apple“ драстично паднаа поради проблеми со снабдувањето и глобалното економско забавување.

„Комисијата за компензација ги избалансира повратните информации на акционерите, и даде препорака за Кук да ја прилагоди својата надокнада во согласност со добиените повратни информации“, наведува „Apple“ во поднесокот до американската финансиска служба.

Најголемата разлика во однос на неговиот платен пакет е начинот на кој ќе му бидат доделени акциите во фирмата. Компанијата во 2022 година му доделила акции од 75 милиони долари, од кои половината е заснована на тоа како „Apple“ работел на берзата. За оваа година надоместокот е намален на 40 милиони долари.

Институционалната служба за акционери рекле дека платата на Кук била 1.447 пати поголема од платата на просечниот вработен во „Apple“ Кук става извршен директор на „Apple“ во август 2011 година само неколку седмици пред смртта на соосновачот Стив Џобс.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.