Извршниот одбор на ММФ ѝ одобри на Украина повлекување 890 милиони долари

Извршниот одбор на Меѓународниот момнетарен фон (ММФ – IMF) во четвртокот ја доврши прввата ревизија на украинската програма за заемот од 15,6 милијарди долари, овозможувајќи му на Киев веднаш да повлече нови 890 милијарди долари за потребите на буџетот, додека ја изведува со месеци најавената голема противофанзива против руските трупи.

Одобрувањето на новата транша од заемот за Украина во рамките на програмата покрената на 31-ви март ги доведува вкупно досега повлечени средства на околу 3.6 милијарди долари.

ММФ оцени дека украинските власти постигнале „силен напредок“ кон исполнувањето на реформските обврски под „предизвикувачките услов“ исполнувајќи ги квантитативните критериуми на успешноста до април и структурните мерки до јуни.

„Руската инвазија на Украина продолжува да има сериозно влијание врз човечкиот и физичкиот капитал и животната средина, со загуба на животи, пад на животниот стандард и зголемување на сиромаштијата, како и оштетување на инфраструктурата. И покрај тоа, украинскиот народ се издржливи, а вештото креирање политики од страна на украинските власти и континуираната надворешна поддршка помогнаа да се поддржи макроекономската и финансиската стабилност“, рече директорката на ММФ Кристалина Георгиева.

Шефот на мисијата на ММФ во Украина, Гевин Греј, за новинарите изјави дека ММФ продолжува да ги разгледува социјалните, еколошките и економските влијанија од уништувањето на браната Каховка претходно овој месец, што предизвика големи поплави во јужна Украина. Според него, ММФ првично очекува дека оваа катастрофа ќе ги зголеми цените на храната и ќе ја зголеми инфлацијата во земјата.

Сепак, ММФ ја повтори својата економска прогноза за Украина од 3 отсто раст на БДП оваа година, неодамна надграден од раст од 1 отсто, бидејќи новата кредитна програма ја поддржува економијата.

Кредитната програма на ММФ, одобрена според новите правила кои дозволуваат да се даваат заеми дури и во крајно неизвесни ситуации, е дел од вкупниот пакет за поддршка на земјата во вредност од 115 милијарди долари, од кои 100 милијарди долари доаѓаат од земјите донатори.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.