Ја добил телеграмата по повеќе од половина век

Роберт Финк, кој во 1969 година дипломирал на Универзитетот Мичиген, преку „Western Union“ добил телеграма во која семејни пријатели му честитаат на успех, и сѐ би било вообичаено доколку честитките не биле испратени пред повеќе од педесет години.

Телеграмата од 1969 година стасала на адресата во градот Ен Арбор во кој тогаш со тројца цимери живеел Роберт Финк. Но стасала предоцна, ден откако Финк отпатувал на натамошно образование во Њујорк, па таа останала заборавена.

Во декември минатата година телеграмата во една од фијоките на работната маса во канцеларија на дигиталната маркетиншка агенција „Ann Arbor ICON Interactive“ ја открила службеничката Кристина Заске. Забележувајќи го името на Финк, таа ги искористила социјалните мрежи за да го пронајде и да му ја врачи телеграмата.

Финк денеска е професор на Универзитетот Окленд во Рочестер, предградие на Детроит, околу 73 километри оддалечен од Ен Арбор.

„Се изненадив и израдував дознавајќи за телеграмата којашто ме потсети на старите пријатели. Ми ги врати сеќавањата и ме поттикна да размислам за минатото. Жал ми е што и лично не можам да им се заблагодарам на Бен и Лилиен Фишмен кои ја испратиле телеграмата, бидејќи одамна не се меѓу живите“, изјавил за локалните медиуми Финк.