Jа фативме фреквенцијата на размислата на точниот Македонец

Објавувањето на албанската платформа, потпишана во Тирана, постизборно, како клучен услов за коалицирање на албанските партии со македонските за формирање на Влада, предизвика големи контроверзии и критики кај јавноста во земјава.

Иако изборите се наметнаа како единствен и легитимен начин за излез од веќе двегодишната политичка криза во Македонија, сепак, неочекувано, работата ја закочи новата националистичка платформа, со која, албанските политички партии од земјава бараат воведување на албанскиот јазик како службен на цела територија и изедначување со македонскиот, што би значело и менување на Уставот, менување на државните симболи, и загрозување на унитарноста на земјава.

Во одбрана на македонските национални интереси, неодамна се формираше граѓанска иницијатива „За заедничка Македонија“, која со мирни протести на скопските улици, упатува порака до политичите партии дека прифаќањето на албанската платформа го загрозува идентитетот на македонската нација.

Тие вчера на мирниот собир порачаа, наместо албанска, сите политички партии да направат платформа „За заедничка Македонија“.

Еден од главните иницијатори на ова движење, познатиот режисер и уметник Борис Дамовски, вели дека тоа би значело консензус меѓу македонские политички партии, кои ќе потпишт некој протокол, обврска, заклетва…

„Нека бакнат срп и чекан, ако сакаат едните, другите кубур и кама, библија… „Мајн кампф“ ако сакаат нека го бакнат, само да кажат дека Уставот е непроменлив, македонското име и симболи се непроменливи, јазикот е непроменлива категорија, и тоа би било некоја рамковна нацрт платформа, иако е бизарно од некоја политичка партија тоа да се бара, но сметам дека е должност“, вели Дамовски во интервју за Нетпрес.

*Кој е мотивот на формирање на ваква граѓанска иницијатива и битните пораки кои треба да се пренесат со мирните протести? Требаше ли можеби иницијативата да се појави малку порано, првиот момент кога на сцена официјално се појави албансата платформа?

17078336_10211302569747246_299358382_n

Дамовски: Ние немаме политичка агенда ниту фразиологија да ги објасниме тие работи. Знаеме инстинктивно кога се загрозени македонските интереси. И во 2008 година го направивме протестот на „Пела“ за неменување на името. Штом почувствуваме дека е загрозен идентитеот на една нација, а тоа е македонската, која што е историски загрозена години наназад, речиси истата екипа излезе, Богдан Илиевски и јас бевме коорганизатори на тој протест. И тогаш бевме изнендени од присутноста. Веројатно ние сме некој лакмус на генетската фреквенција со чувствата на народот. И тогаш имавме 25.000 души и сега имаме масовен одзив и повторно сме зачудени. Веројатно станува збор за некој „екстра сенс“, кога ќе почувствуваш дека вибрациите се зголмуваат и почнуваш да чекориш кон нешто што не сакаш да се оствари. Тиранската платформа беше тригерот кој што не собра. А, да не зборуваме околу математиките околу изборните резултати. Тоа е таква бизарна ситуација, секој да си ја толкува демократијата како сака.

Социјалните мрежи не отупија мислејќи дека ќе ставиш некоја дума на пост и си напрвил нешто за Македонија, а секој втор пост е „Зошто некој не преземе некој чекор?“. Ете затоа, решивме, ако може да ги возбудиме луѓето на социјалните мрежи, значи постои автентична желба за зачувување на македонскиот идентитет, уставниот поредок, симболите на државата, Македонија како држава. Овие денови покажвма дека успеавме.

*Вчера на протестот излеговте со неколку барања, меѓу кои и барање до сите политички партии заедно со граѓаните да изготват платформа за заедничка Македонија и да се отфрлат платформите пишувани во туѓи држави. Колку е значајна таква македонска платформа за разрешување на моменталната политичка криза во земјава?

Дамовски: Тоа значи консензус меѓу македонские политички партии кои ќе потпишт некој протокол, обврска, заклетва… Нека бакнат срп и чекан ако сакаат едните, другите кубур и кама, библија… „Мајн кампф“ ако сакаат нека го бакнат, само да кажат дека Уставот е непроменлив, македонското име и симболи се непроменливи, јазикот е непроменлива категорија, и тоа би било некоја рамковна нацрт платформа, иако е бизарно од некоја политичка партија тоа да се бара, но сметам дека е должност.

*Само ден по првиот мирен марш, СЈО отвори нова предистражна постапка за наводен финансиски криминл во кои тврди дека се вмешани и високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ. Чиста случајнст или некоја друга позадина?

Дамовски: Јас во случајов би цитирал статуси од Фејсбук: „Кога СДСМ не знае што да каже, СЈО се јавува“.

Boris4A

 

*Може ли македонскиот народ конечно сплотено да излезе на протест, без притоа да биде етикетиран по политичка основа? Дел од јавноста вас ве поврзува со ВМРО-ДПМНЕ.

Дамовски: Не верувам. Станува збор за две идеолошки спротивствавени партии. Било кој патриот автоматски станува вмровец. На било кои космополитски шминкери, или како и да ги наречам, им се лепат етикети на другата страна. Работата е јавноста добро да си ја познава историјата и добро да си ја увиди иднината. Сметам дека и меѓу левите, голем број го разбираат тоа чувство, се толерантни кон тоа, а добар дел и се спремни да се борат за тоа. Патриотизмот е универзално чувство. Тоа не припаѓа на политички категории и политичка припадност.

*Дел од јавноста оваа граѓанска иницијатива ја поврзува со ВМРО-ДПМНЕ. На собирот вчера имавте повик и до членови на ВМРО да ви се приклучат на маршот.

Дамовски: ВМРО-ДПМНЕ е најблиску, не’ мрзи да одиме до Бихаќка… Идејата беше да се повикаат сите партии поединечно, но лично мислам дека тоа е губење на време. Ние можеме да побараме сите партии, без исклучок, македонски, албански, турски, ромски, српски, влашки…да се заложат за една платформа.

*Повеќе од две години се случуваше хаос на улиците низ земјава, протести за наводна диктатура, неслобода, криминал, режим, диктатура… И веднаш по изборите, сето ова падна во вода и единствено важно прашање за кое политичарите преговараа е некоја националистичка платформа. За што беа изборите? Се чувствувате ли изневерени во тој поглед?

Дамовски: Нема изневерувња и изненадувања за љубопитен набљудувач. Се знаеше интересот на странските сили за случувањето во Македонија. Повеќе од изразена е волјата на амбасадите како тие размислуваат да се одвиваат работите на македонската политичка сцена. Но, Господ дал интернет, дал алтернативни извори на информирање и секој поинтелигентен читател на случуањата, човек кој ја следи сегашноста, а добро ја познава историјата, мошне лесно може да состави сопствена анализа за настаните. Сметам дека противниците на ваквите состојби се мнгу поначитани и поинтелигентни.

*Верувате ли дека гласот на народот, кој деновиве масовно излегува на улица, може да допре до вистинското место?

Дамовски: Со Господ напред. Ние сме изненадени со бројноста, верувам дека и политичките партии се уште поизненадени.

*Што мислите за понудата на Никола Груевски до Зоран Заев, ако ја отфрли албанската платформа ќе ја добие целосно поддршката на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието?

Дамовски: Одличен потег. Стратешки потег што го презема ВМРО-ДПМНЕ. Го изби легитимитетот со нужноста за коалицирање со непријателски настроени мотивирани партии од албанскиот блок.

*До кога ќе продолжат протестите?

Дамовски: Додека Господ ни дава сила и вербата не’ држи. Ќе видиме, не знам. Многуати досега сум застанувал зад македонски каузи, не знам колку јас ќе имам сила, но гледам дека многу постари од мене го имаат еланот и тоа ме мотивира да продолжам. Јас бев спремен на протест да одам со пријателите, па макар биле тројца или четворица. Кога го видовме одзивот тоа беше неверојатно. Мислам дека точно ја фативме фреквенцијта на размислата на точниот Македонец.

*Кои се иницијаторите за „За заедничка Македонија“?

Дамовски: Покрај Бетмен Велит (Богдан Илиевски) и јас кои се сметаме за ветерани за организирање на ваков тип на настани, тука е Игор Дурловски, Дејан Џинго, Елена Мисиркова. Апелот е и до сите да се приклучат кон маршот, и се приклучуваат полека. Ако толку расте за два дена, ќе видиме како ќе расте бројот на демонстранти понатаму.

*Дали ќе се менува маршрутата на протестот?

Дамовски: Менувањето маршрута се покажа како погрешна. Јас сум стар пропгандист и ги знам навиките на луѓето. Тоа е како патека на слоновите. Не требаше да се менува патеката вчера. Голем дел се раздели, па се спои. Идејата е тоа да бидат кратки протести, да не пречиме во секојдневието на граѓаните. Треба да биде мирен марш. Да одиме до Сообрание, каде што е клучот на разврската. И оттаму да се даваат сте пораки. Самиот мир, присутноста и решеноста на луѓето се доволна порака и мислам дека длабоко продира пораката и во амбасадите и во партиите. Само на овој начин. Ниту треба да се пали, ниту да се крши нешто за да се предизвика внимание.

*Преговорите за коалицирање се водат тајно, никој се’ уште не знае дали и што СДСМ прифатила од албанската платформа, која беше услов за давање на потписи од страна на ДУИ.  

Дамовски: Класична комуњарска спинарија. Мислам дека молчешкум овој пат не може да се прифати се’. Ова не е референдумот за локална самоуправа. Ниту атмосферата е таква. Атмосферата сега е могу загрижена. Немаше тогаш толку поделени страни во медиумите. Сега информаците се подостапни, луѓето се информираат и сами формираат свое гледиште. Многу е тешко сега за било која опција тоа да го направи, да сокрие информација, да ја спинува и да те натера да ја проголташ со сила. Други времиња, други можности, а тоа ми дава надеж дека сме во право.

*Како ја гледате политичката разврска за кризава во Македонија?

Дамовски: Земајки предвид дека се’ ова е иницирано од надвор, а тоа се однесува пред се на САД као најмоќен блок на интереси во Македонија, тој џин во моментот е во транзиција. Следниве три месеци се многу битни за опстојувањето на мирот во Македонија. Фала богу, некој се освестил и лобирал каде што треба, за да се смени перцепцијата за тоа што се случува во Макеоднија. Ќе треба да ги издржиме тие два-три месеци, кои се клучни. Исто така изјавите од руското МНР, даваат надеж дека не само западните, туку и други служби ја следат ситуацијата во Македонија, кои точно, кои неточно. Не ни треба добро познавање, како што го покажаа Васко Ефтов и Мирка Велиновска за разно разните структури. Колку и да ги прогласуваме нив за теоретичари на заговор, четвртина од тоа нивното да е вистина, тоа е ужасно. Ја ценам Велиновска како еден од најаналитичните умови што ова совремие ги има, и многу слично размислуаме дека причинско-последничните односи се клучни. Ние сме само слика на нечија замисла створена далеку назад во историјата. Големите држави, сили, не се случајни. Тие планираат однапред, не се како Македонија. Треба сето тоа да го издржиме, да се информираме уште подобро и мислам дека не’ очекува мирна завршница на оваа криза.

Присуството на сите на протестите е добредојдено, апелот и кодексот на однесување што ги читаме на собирите треба да бидат обврзни. Такви инциденти, како вчера што се случи, се апсолутно далеку од замислата, намерата и идејата на оваа иницијатива.