Ја претепал сопругата: Приведен поранешниот фронтмен на „Нови Фосили“

187
Ја претепал сопругата: Приведен поранешниот фронтмен на „Нови Фосили“
Ја претепал сопругата: Приведен поранешниот фронтмен на „Нови Фосили“

Музичарот, композитор и поранешен водач на култниот бенд „Нови фосили“ и добитник на наградата „Порин“ за животно дело полицијата во понеделникот вечер го привела поради семејно насилство во станот во Максимир. По дојавата дека во неговиот стан е хаос и дека неговата сопруга е повредена, загрепските полицајци тропнале на вратата на Дујмиќ, пишува хрватски.

61-годишниот Рајко Дујмиќ наводно ја претепал сопругата Снежана Шимек (51). Нејзините повреди се уште не се оквалификувани. Во тек е полицијската истрага, а повеќе информации ќе бидат познати по истрагата.

По кавгата двајцата сопружници завршиле во болница - Снежана поради полесни повреди, а Рајко поради нарушена психичка состојба.
По кавгата двајцата сопружници завршиле во болница – Снежана поради полесни повреди, а Рајко поради нарушена психичка состојба.

Ако се суди според кривичната пријава, делото на Дујмиќ е поврзано со член 117 од Кривичниот закон односно дека на сопругата Снежана и нанел полесни телесни повреди.

Во случај и по судски пат да се докаже вината на поранешен водач на бендот Нови фосили, според ставот 2 на тој член кој го товари, на музичаот му се заканува и до три години затвор.

„Јутарњи“ дознава дека по кавгата двајцата сопружници завршиле во болница – Снежана поради полесни повреди, а Рајко поради нарушена психичка состојба.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.