Ја пробол со шрафцигер па и украл метадон

Разбојник со шрафцигер нападнал и ограбил скопјанка, вчера во скопската населба Кисела Вода, информираше МВР.

Според полицијата, разбојништвото се случило околу 13 часот на улицата Христо Татарчев, во близина на автобуска станица.

Непознато лице со употреба на физичка сила и штрафцигер, со кој и нанел повреди, извршил разбојништво над Е.К. (37) од Скопје. Потоа од чантата и одзел две шишиња „Метадон“ и 1.600 денари. Откако Е.К повикала помош, сторителот го напуштил местото на настанот. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, велат од МВР.