Ја сакаат главата на Ердоган

Пратеникот од владејачката Партија на правдата и развојот (АКП) Шамил Тајар изјавил дека од 17 декември минатата година, па се досега премиерот Реџеп Таип Ердоган постојано се соочува со обиди за државен удар, објави новинската агенција „ДХА“.

„Политиката е како партија шах. Оние кои брзаат да ја завршат, всушност ја сакаат главата на премиерот. Своевремено го јавно го обесија Аднан Мендерес, поранешниот турски премиер во 1961 година, подоцна го отруја поранешниот премиер, а подоцна и претседател Ахмет Озал. Со помош на Аллах, нема да им дозволиме да го ’изедат’ и Ердоган“, посочи уште пратеникот од владејачката АКП, цитиран од „ДХА“.