Јацењук: Подготвени сме за отворени разговори со Русија

Украинскиот премиер Арсениј Јацењук вели дека Киев е подготвен за отворени разговори со Русија, јавува руската новинска агенција Итар- Тасс, пренесува Нетпрес.

„Подготвени сме за отворени преговори и спремни сме да се одржуваат економски меѓу нашите земји на рамноправна основа“, вели Јацењук во телевизиската емисија „Шустер лајф“.

Јацењук потсетил дека Киев одлучил дека е против воведувањето визен режим во односите со Русија.

„Не прекинуваме ниту еден билатерален договор со Русија. Нашите луѓе имаат многу добри односи со луѓето од Русија“, рекол Јацењук.