24.9 C
Skopje
недела, мај 26, 2019

Јачева-Улчар: Родена сум во Македонија, пишувам и зборувам на македонски и никој не смее да ми детерминира ништо

89

Професорката Елка Јачева Улчар на својот Фејсбук профил објави статус во кој пишува дека за нејзиниот јазик, идентитет и име на држава одредиле нејзините предци и никој друг.

-Родена сум во Македонија.
Читам, пишувам и зборувам на македонски.
Татко ми е роден во Воденско, Егејска Македонија. И тој читаше и пишуваше на македонски, а пишуваше стихови и на воденскиот егејски говор. Исто македонски.
И дедо ми читаше и пишуваше на македонски.
Баба ми не читаше, не пишуваше, ама зборуваше на македонски.
И чичко ми и тетка ми од таткова страна – пишуваа, читаа и зборуваа македонски.
Сите заминаа на оној свет од Македонија. Достоинствено. Како што им прилега на сите Македонци.
И јас планирам така да заминам од Македонија. Како Македонка.
И нема да побарам дозвола за тоа ни од Ники, ни од Мики, ни од Зоки…
Не смеат тие да ми детерминираат ништо. Од причина што ниту ме створиле ниту ме родиле!
Одредиле, веќе, многу порано за мене – моите предци!
И НИКОЈ ДРУГ!!!, стои во нејзиниот статус на Фејсбук.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.