Јадранка Костова замина од 1ТВ ; Борјан Јовановски: Не смее глупоста на Катица да ни ги уништи идеалите за правна држава

350

Новинарката Јадранка Костова, вели дека авторскиот договор со „1ТВ“ ѝ завршил со интервјуто на Бојан Јовановски – Боки 13, кој вчера беше уапсен и се наоѓа во притвор за рекетирање.

Костова вели дека веќе две-три недели не оди во телевизијата и нема никаков контакт.

– Не знам што ќе се случува со телевизијата. Веќе две-три недели не одам таму. Немам никаков контакт. Јас работев таму со авторски договор. Ја правев емисијата во петок и само во петок се појавував во телевизијата. – вели Костова за „Независен весник“.
Таа е координатор на проектот „Фокус“ и вели дека на тоа работи.

– Со оглед на годините, премногу ми беше и емисијата во „1 ТВ“. Сакав да се откажам и претходно, но со интервјуто на Јовановски заврши и мојот ангажман во телевизијата. – вели Костова.
Инаку, во споменатото интервју со сопственикот на „1 ТВ“, тој најавуваше нови проекти од септември, со нова програмска шема. Дури најави и продолжување на долгонајавуваниот „Македонски инсајдер“ кој заврши неславно, по само една емисија, која помина со безброј грешки.

Инаку, Борјан Јовановски, новинар ангажиран во 1ТВ со своја емисија, прв се јави со реакција во јавноста по вчерашното апсење на Борјан Јовановски и оставката на специјалната обвинителка Катица Јанева.

„Не смее да се дозволи глупоста на Катица да ни ги уништи идеалите за правна и демократска држава. Главите горе..оваа држава минува низ последните мелници на транзицијата и од нив ќе излезе онаква каква ни доликува да биде“, напиша Јовановски на својот профил на Фејсбук.

Засега телевизијата функционира нормално во етерот, но веќе пристигнуваат првите информации дека новинари си заминуваат од медиумот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.