Јаја Туре: Мурињо премногу зборува и навредува без причина

Стандардниот првотимец во дресот на Манчестер Сити, Јаја Туре, вербално го нападна контроверзниот менаџер на лондонскиот премиерлигаш Челзи, Жозе Мурињо и му порача дека премногу зборува и не покажува никаков респект кон колегите.

„Ја слушнав неговата изјава која беше наменета за менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер. Знам дека му кажа дека единствено може да биде “специјален” само кога се во прашање неуспесите. Мурињо мора да покаже поголем респект кон колегите. Постојано зборува повеќе од потребното и најчесто на лош начин. Затоа Барселона секогаш го победуваше Реал (М) додека Мурињо беше тренер на “кралскиот клуб”. Мислам дека сега зборува уште повеќе, а тука голема вина имаат и англиските медиуми  кои се опседнати со португалскиот стручњак”, изјави одличниот играч за врска.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.