Јакимовски: Договорот со Бугарија е целосно негаторски за Македонците

Договорот за добрососедство со Бугарија целосно ги негира Македонците во сите клучни сегменти и премиерот Зоран Заев осо него сака да го подметне како кукавичко јајце, изјави на прес-конференција во четвртокот челникот на партијата ГРОМ, Стевче Јакимовски

„Прашуваме: од каде толкава радост кај бугарската јавност од потпишувањето на овој контроверзен договор?! Нивната радост доаѓа од негаторскиот триумф кој вешто е „спакуван“ во договорот за добрососедство со Македонија“, рече Јакимовски.

Според него, во договорот никаде не се споменува македонскиот народ, кој, вели, според двете влади, како да не постои, а со договорот, додава, се откажуваме од грижата за македонското национално малцинство во Бугарија. бидејќи, во неговите формулации, рој гледа трик во кој стои „ грижа за нашите државјани во соседството“.

„Господине Заев да ви појасниме: Македонците во Пиринска Македонија не се македонски, туку бугарски државјани, а според договорот вие треба да се грижите за македонските државјани кои речиси ги нема во Бугарија. Тоа практично значи дека вие се грижите за празно множество или исклучиво за туристите – македонски државјани кои се рашетуваат или се на одмор во Бугарија. Во овој контроверзен договор тотално се негира македонскиот јазик.. Тој се споменува најдолу во потписот на двете влади во делот каде што се вели дека договорот ќе се потпише според јазикот во Уставот, на македонски јазик. Токму тука е целосното негирање. или тоа значи дека ние имаме јазик само затоа што имаме Устав? Дали ако немаме устав-немаме ни јазик“, рече лидерот на ГРОМ.

Јакимовски оценува дека најголемиот удар, треба да ни го нанаесе т.н. Комисија за утврдување на фактите за заедничката историја, бидејќи, како што рече, ако имаме заедничка историја се остварува тезата која долго се пласирала од Бугарија за „еден народ, две држави.“