Јакимовски изведен пред истражен судија, приведени уште две лица

Во истрагата на ОЈО се опфатени уште пет лица. Според најавите од ОЈО за тројцата приведени ќе биде побаран притвор, а за останатите мерки на претпазливост.

Поранешниот градоначалник на Карпош и лидер на партијата ГРОМ, Стевчо Јакимовски е приведен и изнесен пред судија на претходна постапка во Кривичниот суд во Скопје.

Приведени се уште две лица, вработени во општина Карпош. Обвинението е покренато од Основното јавно обвинителство, кое најави дека повеќе детали ќе соопшти во текот на денот.

Во истрагата на ОЈО се опфатени уште пет лица. Според најавите од ОЈО за тројцата приведени ќе биде побаран притвор, а за останатите мерки на претпазливост.

Според првичните сознанија на Телма, Јакимовски додека бил градоначалник, извршил легализација на земјиште со што е намалена цената на државен имот. Првичната оценка на одделот за организиран криминал е дека со злоупотреба на положбата се проневерени еден милион евра, а тоа е разликата межу реалната цена и продажбата преку процесот на легализација.

Во август 2018 доби мерки на претпазливост за истрага отворена од обвинителството за злоуптреба на службената положба.

Од октомври минатата година тој е осомничен во истрага на СЈО, „Хармонија“.