Јакимовски, Пешовски, Маџовски и Јосифовска проневерувале пари од „Спец касата“ на УБК

Освен Тони Јакимовски, попладнево упасени се и Петре Пешовски, Стево Маџовски и Кристина Јосифовска кои исто така работеле во УБК, а според Обвинителството за организиран криминал се осомничени за проневера на 824 илјади евра, дознава Фокус од извори од истрагата.

Овие пари кои се проневерни биле дел од таканаречената „Спец каса“ на УБК во која, според наши информации, имало пари кои се давале за оперативни акции, што може да подразбира и плаќање на соработници и доушници.

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска издаде наредба за спроведување на истражна постапка против четири лица вработени во УБК, меѓу кои и Тони Јакимовски, поранешен шеф на кабинет на Сашо Мијалков. Осомничените се товарат дека во период од 10 години проневериле 824 илјади евра.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.