Јакимовски се најде во идеалната петорка на ЕП во Орадеа

Македонија не успеа да се пласира во А дивизијата на Европското кошаркарско првенство за играчи до 18 години кое во изминатиов период се играше во Орадеа (Романија), но ако е за утеха најдобриот наш ас на турнирот се најде во идеалната петорка на шампионатот.

Андреј Јакимовски имаше учинок од 18,4 поени и 9,4 скокови по натпревар што беше повеќе од доволно да се најде во одбраното друштво во кое беа уште МВП на ЕП, Ноам Шимон Доврат од Израел, Матеус Казовски (Полска), Пеле Ларсон (Шведска) и Давид Бом (Чешка).