Јакимовски: Заев е најголем предавник на македонските национални интереси

партија

-Знаете како, прашањата на двојазичност, бинационална држава се прашања што ќе се дискутираат, ќе се дебатираат. Во крајна линија тој ги лаже албанските гласачи затоа што за таква работа е потребно двотретинско мнозинство во парламентот, така што лесно дава ветувања, ама тие се тешкоостварливи. Значи, мора да има широк политички консензус за таква работа, а очигледно тој за таа работа нема да има широк политички консензус, што значи дека тоа се обични флоскули, памфлети и ветувања. Но, тоа се прашања, да речеме, кои се отвораат, кои се дискутираат, има полемики итн. Да кажеш „твојот народ има грдо лице“, да кажеш дека „не може за сѐ другите да ни се криви, вината е кај нас“, да кажеш дека „голем проблем на Балканот е твојот народ“, мислам дека нема поголемо предавство, односно велепредавство за еден човек. Вакво нешто немаат кажано ни најтешките националисти од соседните земји. Тоа се многу тешки зборови упатени на штета на сопствениот народ. Да бидам искрен, јас не знам и зошто водиме политичка кампања, зошто правиме митинзи, зошто правиме трошоци. По мене, изборите завршија во Берн. Зоран Заев се откажа од Македонците, се откажа од Македонија, кажува опасни тези што не ги кажал никој досега, направи голема штета, и на државата, и на македонскиот народ, и на сите граѓани на Република Македонија. Мислам дека дури не треба ни толку енергија, само треба да се дозволи Зоран Заев повеќе да си ги објаснува своите ставови, во секое дообјаснување тој само се, како да кажам, дозакопува и чудно е како тоа го трпи Социјалдемократскиот сојуз. Некогаш таа партија беше државотворна партија. Глигоров велеше Македонија ни е сѐ што имаме. Очигледно за овој човек Македонија не е сѐ што имаме и мислам дека сериозно треба да се преиспита. Тие некогаш ми велеа, ме озборуваа мене дека јас сум бил предавникот, сега јавно ги прашувам повторно кој е сега предавникот, дали јас Стевче Јакимоски или нивниот претседател Зоран Заев е предавникот? Не само на партиските интереси, туку и на националните интереси, вели Јакимовски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.