Јалови правдања на Заев за манипулирањето со убиството на Мартин Нешковски

Откако на социјалните мрежи се објави комплетната снимка од телефонскиот разговор помеѓу поранешниот премиер, Никола Груевски и екс министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска за убиството на Мартин Нешковски, премиерот Зоран Заев кој објави само дел од тој разговор и го стави во контекст дека се правеле обиди убиството да се скрие, тој сега се правда.

Заев вели снимката што ја објавил била единствена што ја имал од тој телефонски разговор меѓу Груевски и Јанкулоска.

„Сето тоа што сум го знаел, и сум го објавил на еден транспарентен начин, секојпат кажувајќи за сите детали“, вели Заев.

Снимката која што на 5-ти мај 2015 година ја објави Заев е во траење од три минути и 20 секунди, додека снимката која што ја објави Фејсбук корисникот со псведоним Ел Чека трае дванаесет минути и 30 секунди.

Новообјавената снимка фрла нова светлина врз целиот случај и прикажува сосема поинаква слика за развојот на настаните од онаа прикажана од Заев при објавувањето на т.н. „бомба“.

Во снимката може да се слушнат размислувањата и видувања на Груевски и Јанкулоска околу случајот, за тоа какви мерки биле преземени и што треба да биде преземено со цел да се расветли убиството и убиецот да биде соочен со правдата.

Инаку, кратко по објавувањето на оваа снимка профилот на Ел Чека на Фејсбук беше блокиран, како и снимката. Но, истата сега е поставена на руска видео мрежа. Слушнете го целосниот разговор и оценете дали Груевски и Јанкуловска криеле убиство или само Заев прикажувал монтирани делови извадени од контекст за да создаде лажна слика за тогашната власт.

https://rutube.ru/video/e7d38a8a147647bd313d0d6d7edb9742/