Јанакиески бара вештачење на „бомбите“

Одбраната на екс министерот, Миле Јанакиески, на судењето за случајот Топлик, побараа да се изврши стручна анализа на бомбите, за да се утврди дали се автентични, веродостојни и целосни.

Бомбите за овој случај беа презентирани на минатото рочиште, а по советување со технички советник на одбраната, утврдиле дека постои сомнеж телефонските разговори да се менувани.

Автентичноста е спорна бидејќи се копии, па при превземањето или нивниот трансфер се создава можност за нивна измена. Постојат специјални лабаратории кои треба да ја утврдат автентичноста, целовитоста и континуитетот, рече адвокатката Сања Алексиќ.

На денешното рочиште треба да бидат презентирани 608 докази, поднесени од СЈО.