Јанакиески: Бесплатно ќе изготвуваме геодетски елаборати за легализација на дивоградби на приматели на социјална помош

При денешната посетата на општина Валандово, доскорешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески по барање на жителите го објасни проектот предвиден во изборната програмата на ВМРО – ДПМНЕ за бесплатно изготвување на геодетски елаборати за легализација на бесправно изградени објекти на приматели на социјална и постојана парична помош и лица со ниски приходи до 14.000 денари месечно, кој исто така предвидува по добивање на Решението за легализација од општина, Агенцијата за катастар на недвижности да изврши бесплатно запишување на објектот и издавање на имотен лист.