Јанакиески до градоначалникот на Куманово: Почнете да ги користите средствата од ЕИБ

Министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, го повика градоначалникот на Куманово да почне да ги користи средствата од Европската инвестициска банка во висина од три милиони евра.

На средбата со жителите од Режановце, граѓаните како најголем проблем го истакнаа тоа што немаат канализациона мрежа и дека користењето на септички јами им прави голем проблем.