Јанакиески и Божиновски без повод се притворени

Поранешниот министер за трапсорт и врски, Миле Јанакиески, и поранешниот генерален секретар на владата, Кирил Божиновски, не дадоа никаква причина ни повод за да им се одреди мерка притво, изајви во петокот адвокатот Сања Алексиќ..

Притоа, одговарајќи на новинарско прашање, Алексиќ рече  дека конкретно не знаела за што зборувале Јанакиески и Претседателот на државата Ѓорге Иванов, во разговорот за кој белешката на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), беше искористена да им се одреди мерка притвор на двајцата обвинети во случајот „Титаник“ кој го води Специјалното јавно обвинителство (СЈО).

„Јас конкретно не знам за што разговарале тие, меѓутоа после даденото соопштение од кабинетот на претседателот на Република Македонија кое беше објавено во текот на минатиот ден е јасно дека не станува збор за некакви посредници и валидни службени белешки на основа на кои овој суд определи притвор како на обвинетиот Миле Јанакиевски, така и на обвинетиот Кирил Божиновски“, изјави Сања Алексиќ, која е адвокатот на обвинетите Јанакиевски и Божиновски.

Додаде дека одбраната секогаш соработувала со СЈО и оти смета дека ваквото донесено решение со коешто се определува притвор за двајцата обвинети е повеќе поради неприсутноста на Никола Груевски.

„Меѓутоа и судот во Стразбур по однос на истото има став дека однесувањето на сообвинетите не претставува основ за да се определи притвор на некој друг, во конкретниот случај ниту на обвинетиот Миле Јанакиески, ниту на Кирил Божиновски коишто не дадоа ниту причина ниту повод да се определи притвор, бидејќи доследно и без прекорно ги почитуваа мерките на претпазливост кои што беа определени во текот на јули 2017 година, што значи повеќе од една година“, појасни Алексиќ.

Потврди дека се поднесени жалби како за Миле Јанакиевски, така и за Кирил Божиновски, во текот на претходниот ден и оти е побарано одржување јавни седници во коишто ќе си одбраната ќе ги појасни своите жалби и аргуименти за барањето.