Јанакиески: Постапката ја сфаќам како политичка борба со СДСМ

Во тек се воведните говори на обвинителството и одбраната во случајот „Титаник“. Сите обвинети изјавија дека го разбрале обвинението, но дека не се чувствуваат виновни бидејќи не сториле никакво кривично дело.

Миле Јанакиески пред судскиот совет рече дека не се чувствува виновен и дека судската постапка за Титаник ја сфаќа како политичка борба со СДСМ. СЈО бара конфискување на имотите на Никола Груевски и Мартин Протуѓер се бара солидарно да се конфискува имот во вредност од 34.908.700 денари.

Од Никола Груевски, Илија Димовски и уште еден обвинет се бара солидарно конфискување на имот во вредност од 41.435.400 денари. И со третиот посебен предлог е опфатен Груевски. Од него, Димовски и од обвинетиот Леко Ристевски се бараат 62.730.874 денари. На ова реагираше бранителот Дончо Наков.

Тој рече дека постои разлика во воведниот говор на обвинителката Стефанова и обвинителниот акт, бидејќи во актот не постои барање за конфискување на имоти.