Јанакиески во Тирана на средба со министрите за транспорт на земјите од ЈИЕ

Министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, денеска престојува во Тирана, каде ќе присуствува на средбата на министрите за транспорт на државите во југоисточна Европа (ЈИЕ).

На средбата е предвидено да се разговара за тековните и планираните инфраструктурни проекти и активности во делот на транспортот и комуникациите, кои се од значење за земјите во регионот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.