Јанакиески: Започнува обновата на железницата Битола- Кременица, инвестиција вредна 20 милиони евра

Градежните работи за обнова на железничката пруга Битола- Кременица, со изградба на кракот до индустриската зона Жабени,  ќе започнат во втората половина од годината, најави денеска министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, кој нагласи дека проценетата вредност на инвестицијата ќе биде 20 милиони евра.

Заинтересираните компании, како што рече Јанакиески при посетата на општина Бутел, треба да ги достават своите понуди до почетокот на април

„Постапката за надзор е објавена, целокупната  тендерска документација за градежни работи е одобрена од страна на Европската делегација, очекуваме  во текот на април да биде објавена. Периодот за пријавување на компаниите  е 90 дена. Оваа година ќе случиме договори   и ќе започнеме со градежните работи“, рече Јанакиески.

Тој наглади дека оваа пруга е значајна за развој на регионот и за железничкото поврзување со Грција, како и за индустриската зона Жабени.

„Ова значи развој за овој регион  бидејќи ќе имаме ново поврзување   помеѓу Македонија и Грција, но иста така е важно што ќе имаме крак до индустриската зона Жабени  што ќе ја направи уште поатрактивна како за домашните, така и за странските инвеститори“, рече Јанакиески, која нагласи дека градежни активности опфаќаат обнова на 17 километри пруга од крајот на станицата во Битола до границата со Грција, реконструкција на повеќе премини, поврзување со новата индустриска зона во Жабени и изградба на нова железничка станица за прекуграничен сообраќај и нова сигнализација и телекомуникациски инсталации.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.