Јанчев: На 29-ти октомври ќе победи народот

407

На 29 октомври ќе победи народот, рече денеска на прес-конференција Митко Јанчев, кандидат за градоначалник на Кавадарци од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.

„Првиот круг од локалните избори помина. За резултатот одлучивте вие. Имавте можност вашиот глас да го дадете за мене Митко Јанчев, човек со долгогодишна кариера. Имавте можност да гласате за мене, човек кој се откажа од плата и возило и во исто време остави буџет за општината од околу двеста илјади евра“, рече Јанчев.

На 29-ти октомври, додаде, повторно имате можност да го дадете својот глас.

„Имате лесна одлука. Меѓу мене и мојот против кандидат. Вие треба да знаете за големината на делата и придонесот во општеството кои се остварени од моја страна и големото ништо од мојот противкандидат кој го има направено за Кавадарци“, нагласи.

Рече дека во вториот круг влегува како Митко Јанчев, „индивидуа која е изградена и успешно позади себе како товар единствено носи успеси и признанија”.

„Наспроти мојот противкандидат кој е без никакви достигнувања и успеси. На 29-ти октомври ќе победите вие граѓаните“, нагласи Јанчев.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.