Јанчев: ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи да ја изгубиме државата и нацијата

1787

Ставот на ВМРО-ДПМНЕ е јасен. Ние нема да прифатиме промена на Уставот со цел промена на уставното име на Република Македонија. Ние сме за влез во НАТО и ЕУ, но не по секоја цена, рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Митко Јанчев во гостувањето во емисијата „Само вистина“.

Јанчев потенцираше дека Владата на СДСМ одлучила да ја исклучи опозицијата од процесот на преговарање. Како што посочи, неговата партија како опозициска нема информација во кој правец течат преговорите за спорот со името.

Според него, не е прифатлива никаква промена во Уставот и промена на идентитетот на македонскиот народ. Како што нагласи Јанчев, ВМРО-ДПМНЕ и сега а и во иднина ќе биде на браникот на националните интереси.

„Доколку оваа влада има некој предлог за името, треба да излее и да каже кој е тој предолг а потоа да одлучат граѓаните на референдум. Ние мора да го заштитиме нашите граѓани. Ако ова не го направиме ние ќе се изгубиме, а и ќе ја изгубиме и државата“, нагласи Јанчев.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ побара од Владата на СДСМ да собере сили и да излезе да каже што точно содржи пакетот кој што го добила Република Македонија од Република Грција. Како што потенцираше Јанчев, неговата партија и сега а и во иднина ќе биде на браникот на националните интереси.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.