Јанева фатена во лага, не постојат пријави за закани

Вака експерти го толкуваат скандалозниот настап на Катица Јанева на македонската телевизија. Според нив, недолично и срамно за фелата е еден јавен обвинител кој треба да работи исклучиво согласно закон, да се расфрла со излитени политички флоскули напишани во некој центар.

Курир се обиде да добие одговор од СЈО кој ѝ се заканувал на Катица Јанева или на некој од членовите на нејзиниот тим, но од СЈО нема одговор. Курир се обиде да добие одговор и од министерството за внатрешни работи кога Катица Јанева пријавила некакви закани, но од МВР велат дека таков случај не е пријавен, ниту се преземаат мерки против некое лице.

Курир се уште очекува објаснување од СЈО во врска со изречените наводи од страна на Катица Јанева. Специјалната обвинителка е избран функционер и ѝ должи одговори или извинувања на јавноста.

-Би било нескромно и несериозно ако кажам дека нема притисоци и суптилни закани, изјави Јанева во скандалозното интервју.

Превземено од: Курир

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.