Јанева во координација со СДСМ повторно контрадикторна

Јанева во координација со СДСМ повторно контрадикторна. Очигледна е кординираноста во ставовите на специјалната обвинителка Катица Јанева со ставовите на СДСМ, пишува порталот „Курир“.

Порталот нагласува дека веднаш по одлуката на Советот на јавните обвинители од СДСМ излегоа со став дека немало да дозволат Катица Јанева да работи со помал тим. Иако првично Јанева изјави дека ќе работи и со половина тим, денеска се премисли и нејзиниот став се поклопи со оној на СДСМ.

Јанева: Обвинителите да не полагаат заклетва

Јанева денес ги повика нејзините обвинители кои се избрани да не полагаат заклетва пред Советот додека не се изберат и другите што ги предлага.  Таа им препорача да не ја прифатат поканата на Советот на Јавните Обвинители и да не дадат свечана изјава по повод нивниот избор, од причина што таквиот акт би бил само потврда на одлуката на Советот.

Во овој контекст, реферирајќи се на доставената покана од страна на Советот, во консултација со дел од тимот на јавни обвинители кои се избрани и имајќи го во предвид нивниот став во врска со одлуката на Советот, им препорачувам да не ја прифатат поканата на Советот на Јавните Обвинители и да не дадат свечана изјава по повод нивниот избор, од причина што таквиот акт би бил само потврда на одлуката на Советот, која е спротивна со Законот за јавното обвинителство за гонење на кривичните дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, вели Јанева во соопштението испратено до медиумите.

Јанева изјави дека работи и со половина тим

Наспроти ова, Јанева пред два дена изјави дека ќе работи и со половина тим, но нејзиниот став се промени на иста линија со оној на СДСМ, дека немало да се дозволи специјалната обвинителка да работела со половина тим.

Ќе продолжам и натаму да работам и со половина тим, рече Јанева во средата.

Дополнително, промената на нејзиниот став дојде откако утрово најпрво СДСМ соопшти дека немало преговори, доколку не се комплетирал тимот на Јанева, по што СЈО излезе со повик до избраните обвинители да не полагаат заклетва пред Советот додека не се изберат и другите што ги предлага.

Советот на јавни обвинители има обврска да го почитува законот и да му овозможи на специјалниот јавен обвинител да го комплетира тимот на соработници согласно законските овластувања. Бараме итна средба на четирите партии и претставниците на меѓународната заедница за кршењето на Законот за специјалното јавно обвинителство и утврдување на рокови за исполнување на законските обврски, се наведува во соопштението од СДСМ.

Јанева се координира со СДСМ

„Курир“ нагласува дека сето ова јасно покажува дека при секој чекор Јанева се кординира со СДСМ за потегот кој ќе го повлече. Ваквата кординираност се потврди и во средата, кога Јанева наместо аргументирање со факти користеше политички тези. Она што зачуди е тоа дека Јанева како долгогодишен обвинител наместо да говори со аргументи и да посочува членови од законските правила, таа реши како и Оливер Спасовски од СДСМ да прогласи дека договорот од Пржино не се почитувал,  што е политички договор, без да се задржи во кои сегменти не е испочитуван законот за специјалното обвинителство.

Додека Јанева вели дека немала да работи ако не и е одбран цел тим, СДСМ вели дека немало да се врати на преговори ако не е одбран цел тим на Јанева, што јасно го покажува преклопувањето на ставовите на опозициската партија со специјалната обвинителка.

Според познавачите, Јанева со ваквите постапки се однесува како орган на СДСМ. Таа по само два дена си ја порекна изјавата дека ќе продолжи да работи и со половина тим, со што се отвора прашањето кој и направил притисок и со кого се координирала, бидејќи станува очигледно таа е алатка на опозицијата, која има цел да избега од избори.

Однесувајќи се како член на претседателството на СДСМ, се поставува и прашањето дали таа одработува за целта на СДСМ да се одложат изборите и опозициската партија да избега од соочување со волјата на народот.