Јанева не ги коментира обвинувањата на Мицкоски за злоупотреба на функцијата

Катица Јанева не ги коментира обвинувањата на лидерот на опизицијата Христијан Мицкоски за злоупотреба на нејзината функција. Нема став ниту од прес службата на СЈО.

Мицкоски пак не се откажува од ревзијата на работењето на СЈО, но и од активностите на Јанева.

Од ВМРО-ДПМНЕ за тв 24 велат дека доколку власта во работните групи не го прифати нивното барање за формирање на комисја, тогаш таква посптака ќе иницираат тие во Собранието.

Од власта неофицијално немаат против ревизија. Висок партиски функционер за тв 24 вели дека сите функционери подлежат на ревизија. Сепак не скаата да ги коментирата обвинувањата за злоупотреба на функцијата од Мицксоки за Јанева.

Само велат дека ќе чекаат на работните групи и конкретен предлог како ВМРО-ДПМНЕ ја замислува, како што велат да се изведе ревизијата.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ порача дека од премиерот Зоран Заев на средбата во неделата побарал да се формира комсија, од политичките партии која ќе направи комплетна ревизија на работата на СЈО, бидејќи вели имаат индиции за злоупотреба на буџетот. Мицкоски и со директни обвинувања за специјалната обвинителка.

Освен ова клучното барање на опозицијата во работните групи ќе биде и кадровски смени, особена смена на Јанева. Токму тоа според висок партсики функционер во СДСМ е неприфатливо. Бидејќи велат за тоа власта нема аргументи. Понеделник, кога најверојатно ќе се сретнат двете страни, предводени од Рената Дескоска и адвокатот Тони Менкиновски, кој го води тимот на ВМРО-ДПМНЕ опозицијата треба да подготви амандмани и забелешки на Законот за Јавно обвининителство со кој меѓу другото се решева и статусот на СЈО.

Премиерот Заев вчера во интервју за к5 порача дека очекува новиот закон да помине бидејќи не е амнестија за никого.

Пратеницте да го поддржат законот повика и Јанева. Таа порача дека некој може да се спаси, а некој да стане обвинет откако со новиот закон бомбите веќе не се докази.