Јанева: Не згрешив во изборот на обвинителите на СЈО, кога молчиме пред јавноста значи дека работиме

Хард дискот со софтверот од системот е во рацете на Катица Јанева
Хард дискот со софтверот од системот е во рацете на Катица Јанева

Специјалната обвинителката Катица Јанева во емисијата „Правда и неправда” на 1Тв рече дека од денот на формирањето на СЈО, па до денес се повеќе се потврдува нејзината теза дека во својот тим избрала обвинители кои се доследни и кои со својата работа и професионализам заслужено се нашле во СЈО. Јанева ова го нагласи откако специјалната обвинителка Лиле Стефанова прашана за тоа како се носи со фактот што во јавноста се зборувало дека работела по налог на претходната власт, одговори дека сите тие критики и сомневања не само што не постојат, туку се и надминати.

Обвинителката Стефанова од моментот кога стана специјален јавен обвинител, таа беше меѓу првите кои беа повикани да работат во тимот. Мојата доверба кон неа е иста како и првиот ден, а највеќе заради тоа што се работи за искусен професионалец. Не згрешив во изборот на обвинителите, и со секој ден сум се повеќе сум уверена дека сум направила вистински избор со сите обвинители, изјави Јанева.

Шефицата на СЈО додаде дека кога обвинителите на СЈО не се појавуваат во јавноста, не даваат изјави и кога, како што вели, молчат значи дека работат на некои предмети кои наскоро би биле објавени.

За намалената доверба на СЈО во јавноста Јанева вели дека не знае зошто е тоа така и дека е тоа моментална состојба која може да биде поништена.

Каде и да се појавам, поддршката од народот ја имаме, вели Јанева.

За тоа дали и колку бегството на Груевски има влијание врз падот на рејтингот на СЈО, Јанева вели дека можеби незадоволството од целиот правосуден систем придонесе за тоа да има негативно влијание и врз работата на СЈО.

Се надевам дека Владата и Министерството за правда и внатрешни работи ќе направат се за да го вратат Никола Груевски во државава, вели Јанева.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.