Јаневска: ВМРО-ДПМНЕ ги зголеми паричните надоместоци за социјално најранливите категории

Потпретседателката на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ во Неготино, Роза Јаневска на денешната трибина „Отворено со Комисијата за труд и социјална политика“ истакна дека во 120 дена од Владата на СДСМ сведоци сме оти се работат многу негативни дејствија и постапки кои не се во интерес на граѓаните и националните интереси.

Таа посочи дека за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ покачени биле паричните надоместоци за социјално најранливите категории за 69,8 отсто, како и правото со постојана социјална помош, која беше покачена за 68,5 проценти.

„Во тој период се направи и зголемување на правото на помош и нега од друго лице или популарно наречаната туѓа нега, а износот на ова право беше зголемно за 39, 7 проценти. Во периодот од 2006 до 2016 година ВМРО-ДПМНЕ спореведе и еден проект, голем проект кој се нарекуваше „Отпис на долгови на граѓани од ранливите категории“. Со овој проект за отпис на долгови беа опфатени повторно најранливите категории на граѓани кои живеат во Република Македонија, а тоа беа приматели на социјална и постојана парична помош, лица кои повеќе од 12 месеци активно барале и не нашле работа, како и лица изложени на ризик поради смрт, инвалидитет или болест на брачен другар во последните пет години“, појасни Јаневска.

Истакна дека во рамките на овој проект биле донесени 14.869 одлуки за отпис на долговои, односно биле исплатени средва во износ од 1.798.493.393 денари.

„Во периодот од 2006 до 2016 додека работеше Владата на ВМРО-ДПМНЕ беше воведено ново право во областа на социјалата, а тоа е правото на условен паричен надомест кое беше наменето за децата кои посетуваат средно училиште и потекнуваат од семејства приматели на социјална и постојана парична помош. Износот на условениот паричен надомест е 12.000 годишно. Исто така беше воведено и правото за заштита од енергетска сиромаштија. Ова право за субвенционирање на потрошувачката на енергија се воведе во 2010 година, тогаш износот месечен беше 600 денари по корисник месечно. За денес таа сума да биде 1.000 денари“, нагласи Јаневска.

Напомена дека во овој период се вработиле 1.600 лица од социјално загорзени семејства во јавната администрација.