Јанкулоска: Мафијашките пресметки од времето на СДСМ се минато

Безбедностата состојба во државата е стабилна, а обвинувањата од опозицијата се манипулација и евтина политичка реторика, која треба да ја сокрие безидејноста на опозицијата. Министерката за Внатрешни работи, Гордана јанкулоска во интервјку за Прес24, оценува дека СДСМ манипулира со неколкуте случаи на убиства кои се случија, а кои полицијата експресно ги расчисти. Обвинувњата за небезбеност се евтина политичка реторика, вели Јанкуловска, посочувајќи дека денеска во Македонија се далечно минато мафијашките пресметки од времето на СДСМ.

– Ниеден од овие случаи не ја тангира општата безбедност, иако јавноста со право е вознемирена после секоја ваква сторија. Сепак времето на мафијашки пресметки и масовна изнуда и рекет, за владеењето на СДСМ е далеку зад нас. Впрочем тоа го говорат и бројките. Точно дека за првите осум месеци имавме 19 убиства што е зголемување во однос на минатата година, но јавноста треба да знае дека лани имавме рекордно мал број убиства, односно само 20. Оваа бројка на убиства ја немало уште од 80-тите години, односно од поранешна СФРЈ. За воља на вистината од 2006 година кога ја презедов функцијата, бројот на убиства континуирано се намалува од 42 на најниските 20 во текот на 2013. Доволно е само да се направи споредба со показателите од времето на СДСМ. Имено во 2002 година се регистрирани 65 убиства, во 2003 неславен рекорд од 75 убиства, во 2004 имало 56 убиства, а во 2005 53 убиства. Кога на тоа ќе се додаде на пониската ефикасност во периодот до 2006 година, станува јасно колку СДСМ и нивните експерти се компетентни да зборуваат за безбедносната состојба, вели Јанкулоска во своето интервју за за Прес24.

Таа смета дека засега не постои погелам опасност и од можноста за ширење на фундамелтализмот посочувајќи дека полицијата има редовни контакти со сите служби во регионот и пошироко и на дневно ниво разменуваат информации кои би можеле да бидат од значење за земјите од регионот.

– Доколку има потреба, подготвени сме да реагираме на соодветен начин бидејќи поседуваме и знаење и човечки потенцијал, додава Јанкулоска.

МВР очекува дека засилените санкции за ученисците во паравоени формации надвор од Македонија ќе дадат резултати.

– Затворањето на лицата кои агитираат или директно земаат учество во ваквите конфликти, веруваме дека ќе биде јасна порака за сите останати кои размислуваат да го следат нивниот пример дека војувањето во странска воена, полициска, паравоена или параполициска формација Македонија нема да го толерира, вели за Прес24, Министерката за внатрешни.

– Ги следам размислувањата на експертите, но ценам дека наместо бавење со црни сценарија и ширење дефетизам или лоши предвидувања, би било многу пожелно кога истите би се ангажирале на продлабочивање и на меѓуетничките и на меѓурелигиозните врски. Впрочем нашата иднина зависи од нас. Кај нас постои една лоша навика доколку се случи било каков инцидент помеѓу лица со различна етничка припадност, истиот веднаш да се припишува на припадноста на различните етнички или религиозни групи. Како да не може да постои некој друг мотив или причина. Како да не се случуваат исти такви инциденти и меѓу лица од иста етничка заедница, одговара Министерката на прашањето за предупредувата на експертите дека во Македонија се продлабочуваат етничките разлики по неколкуте меѓуетнички инциденти кај младите.

Јанкулоска смета дека е добро што Поглаварот на ИВЗ почнал отворено да зборува за она за што во минатото го негираше. Соработка со ИВЗ постои, но полицијата може да реагира во рамки на нејзините ингеренции, затоа Минисерката Јанкуловска го охрабрува поглаварот на ИВЗ да продолжи низ процедурите да ги посочува проблемите.

– Точно е дека сме имале бројни средби на различни нивоа, но во име на МВР можам да ви потврдам дека секогаш сме настапувале искрено и со добронамерни совети и препораки сме ги упатувале како да ја испочитуваат законската процедура. Секој друг настап од наша страна би бил волунтаристички и би можел да се протолкува како мешање на државата или нејзини институции во некои верски прашања. Доколку искрено сака овие лица да ги отстрани од џамиите кои вели дека ги запоседнале, веруваме дека ќе покрене соодветни постапки против нив пред надлежните судови. Република Mакедонија е секуларна држава, а тоа значи дека МВР мора да постапува исклучиво согласно законите. Се друго би било само гола реторика и обид за привлекување внимание. Очекуваме доколку покренал некаква судска постапка за нарушено владение, во постапката за извршување на евентуалната судска пресуда да добиеме барање за асистенција. Тоа би било нешто конкретно, изјавува Јанкуловска.

Министерката одговара и на прашања повразани со неколку полициски акции, но и за реформите во Полицијата.

*Како што се најавуваше, Владата донесе одлука за измени на кривичниот законик со кој ќе се занкционираат со затворски казни од најмалку 5 години сите учесници во паравоени формации во друѓи држави. Колку ова може да биде решени за одвраќање на оние кои заминуваат на фронтовите во светот?

ЈАНКУЛОСКА: Според нашите сознанија досега осум лица кои поседувале македонско државјанство ги имаат загубено животите на боиштата во Ирак и Сирија. Без разлика дали повеќето од нив подолг период живееле надвор од земјава, убедени сме дека со строгото и неселективно санкционирање на ваквото однесување ќе влијаеме во иднина да се намали бројот на лица од Македонија кои заминуваат за да учествуваат во конфликтите во овие земји. На крај, ризикот од учествувањето во вакви конфликти не е само по поединецот, кој одлучил да замине. Ризикот е и по државата каде што лицето ќе се врати, бидејќи знаеме какви се психолошки последици може да остави војувањето и соочувањето со кризни ситуации. Затворањето на лицата кои агитираат или директно земаат учество во ваквите конфликти, веруваме дека ќе биде јасна порака за сите останати кои размислуваат да го следат нивниот пример дека војувањето во странска воена, полициска, паравоена или параполициска формација Македонија нема да го толерира.

*Ќе санкционираат и оние кои преку медиумите, социјалните мрежи организираат и повикуваат на верски фундаментализам. Дали овие мерки ќе бидат доволни за да се спречи растот на фундаментализмот меѓу младите во Македонија?

ЈАНКУЛОСКА: Растот на фундаментализмот не би можеле во целост да го поистоветиме со учеството во воена, полициска, паравоена или параполициска формација или терористички организации. Иако тоа е негативна појава која многу често оди паралелно со заминувањето во конфликтните региони, не можеме да исклучиме дека во одредени случаи можно е покрај верската идоктринација, на потенцијалните борци во тие формации да им се нуди и финансиска надокнада. Исто така и практикувањето на религијата на начин различен од традиционалниот во Македонија, не значи нужно и инволвираност во тероризам. Затоа новиот закон ги адресира токму случаите кои се директно поврзани со воените конфликти, односно учеството во странски воени, полициски, паравоени или параполициски формации. Практикувањето на одредена религија е сериозно прашање, но прашање со кое треба да се занимаваат верските заедници или Комисијата за односи меѓу верските заедници. Таму треба да се побараат одговорите дали поголем број лица отстапуваат од традиционалното за нашево поднебје и доколку е тоа фактичка состојба, да се најдат и причините за таквата појава.

*Изминатиов период Поглаварот на ИВЗ тврдеше дека немаат доволно добра соработка со МВР. Дека полицијата не реагирала на нивните предупредувања. Каква е Вашата оценка за соработката со ИВЗ?

ЈАНКУЛОСКА: МВР било и останува отворено за соработка и со ИВЗ и со сите граѓани и институции во Република Македонија. Се разбира дека таа соработка подразбира искрен однос и подразбира делување во рамки на законските овластувања и ингеренции кои ги имаме. Верските прашања и практикувањето на религијата не се прашања во делокругот на нашите надлежности. МВР не е и не смее да стане ничиј личен сервис и ничија алатка за расчистување на сопствени проблеми. Напротив, МВР мора да внимава да не отстапи надвор од овластувањата и мора да остане прво на браникот на интересите на државата и граѓаните. Точно е дека сме имале бројни средби на различни нивоа, но во име на МВР можам да ви потврдам дека секогаш сме настапувале искрено и со добронамерни совети и препораки сме ги упатувале како да ја испочитуваат законската процедура. Секој друг настап од наша страна би бил волунтаристички и би можел да се протолкува како мешање на државата или нејзини институции во некои верски прашања.

*ИВЗ честопати ги споменува Јаја Паша и Тутунзус џамијата како два верски објекта каде таа има проблеми, односно нема контрола врз џамиските одбори. Вие велите дека МВР не може да се меша во работата на џамиите. За што точно станува збор и што е она што ИВЗ го барала од МВР, а не го добила како што велат?

ЈАНКУЛОСКА: За поздравување е фактот што поглаварот на ИВЗ реши отворено да зборува, иако во неколку наврати изминатите години го негираше она што сега го тврди, кога медиумите пишуваа. Доколку искрено сака овие лица да ги отстрани од џамиите кои вели дека ги запоседнале, веруваме дека ќе покрене соодветни постапки против нив пред надлежните судови. Република Mакедонија е секуларна држава, а тоа значи дека МВР мора да постапува исклучиво согласно законите. Се друго би било само гола реторика и обид за привлекување внимание.

*Побарале ли конкретна соработка ИВЗ досега од МВР која се поврзува со некакви радикални структури во Македонија?

ЈАНКУЛОСКА: Дури и да не побара некој помош од МВР, ние сме докажале дека сме подготвени да застанеме во одбрана на секој што е загрозен. Се разбира доколку за тоа се создадени услови. Го охрабруваме поглаварот да продолжи отворено и конкретно да ги посочува проблемите. Му стоиме на располагање да ги прилжи сите докази и аргументите за нивните кривични дела кои ги има за противзаконско работење, а ние ветуваме дека во законска постапка ќе ги разгледаме истите. Очекуваме доколку покренал некаква судска постапка за нарушено владение, во постапката за извршување на евентуалната судска пресуда да добиеме барање за асистенција. Тоа би било нешто конкретно. Во спротивно повторно ќе имаме случај каде се излегува со општи тврдења, без имиња или конкретни докази, а што е најсимптоматично и без тужба пред надлежните судови.

*Честопати се шпекулира со бројот, големината и моќта на евентуални радикани групи во Македонија. Какви се состојбите на терен? Колкава е опасноста за безбедноиста на државата од таквите структури?

ЈАНКУЛОСКА: Република Македонија е дел од меѓународната коалиција за борба против тероризмот. Тероризмот е глобална закана и следствено на тоа, никој не може да биде изземен од ризикот од напади на сопствена територија. Впрочем и ние сме го искусиле тоа кај Смилковско езеро и Бродец, како што се соочија со терористички напади и Лондон, Мадрид и Москва. Никогаш не сме се занимавале со шпекулации, па нема ни во иднина да работиме на тој начин. Ние настапуваме само со проверени информации и сознанија. Во моментов состојбата во земјава е под контрола и не постои посериозна закана по безбедноста. Имаме редовни контакти со сите служби во регионот и пошироко и на дневно ниво разменуваме информации кои би можеле да бидат од значење за нас или за нив. Доколку има потреба, подготвени сме да реагираме на соодветен начин бидејќи поседуваме и знаење и човечки потенцијал.

*Експертите за безбеност од регионот предупредуваат дека најчесто овие групи се финансираат преку невладини организиации. Има ли МВР досега утврдено некакви сомнителни трансакции поврзани со финансирање на фундаменталисти?

ЈАНКУЛОСКА: Следењето на финансиските трансакции поради сомнеж за перење пари или други приходи за финансирање тероризам е под директна игеренција на Управата за финансиско разузнавање која не е дел од МВР. Сепак во рамки на нашите законски овластувања сме постапувале и ќе продолжиме да постапуваме во координација со сите други надклежни институции.

*Монструм беше првиот случај со радикален фундаметализам. Тој предизвика многу реакции, особено за врема на првиот протест кога демонстранти се судрија со полицијата. Кој според Вас стоеше позади овие радикални протести?

ЈАНКУЛОСКА: Во случајот „Монструм“ судот донесе пресуда за тероризам. Грозоморен чин во кој брутално беа одземени пет човечки животи. Република Македонија и претходно се соочувала со закани од тероризам. Биле напаѓани институции и било пукано во полициски службеници. Тоа што го издвои овој случај беше бескрупулозноста на извршителите кои кукавички погубија петмина невооружени луѓе на Велики четврток. Целата домашна и меѓународна јавност најостро го осудија масакрот и со право очекуваа и поддржаа брза и ефикасна полициска истрага за проноѓање на осомничените и нивно изведување пред лицето на правдата. За жал, очигледно имало и помал број лица кои не сметале дека институциите задолжени за прогон на криминалот не требало до крај независно да го расчистат случајот. Имаа и лица кои со манипулации сакаа да го претстават прогонот на осомничените како прогон на цела етничка заедница. За нас во МВР криминалот никогаш немал етнички или верски предзнак. Злосторството е злосторство и недозволиво е сторителот да се затскрива зад својата етничка или верска припадност. Како резултат на ваквите обиди, на почетокот бевме сведоци на екстремно насилство и вандализам на протестите. Успеавме да идентификуваме поголем број од најагресивните учесници и против истите беа поднесени кривични пријави. Дел од нив веќе заработија и затворски казни.

*Протестите иако не во тој обем и формат продолжуваат и понатаму. Има ли опасност од можни нивни нови ескалции?

ЈАНКУЛОСКА: Тоа е прашање што би требало да се адресира до оние кои протестираат против одлука на суд. Ние не придонесовме со ниту еден потег за вандализмот и екстремното насилство кое го видовме на протестите. Напротив, со професионалната и ефикасна полициска интервенција успеавме да спречиме натамошна ескалација и многу посериозни последици. Најагресивните се веќе осудени и веруваме дека тоа ќе испрати силна порака дека преку напади, кршење, насилство не смее да се врши притисок врз судот за да донесе одлука спротивна на судиското убедување. Легитимно е да упатите жалба на одредена пресуда или да барате вонреден правен лек, но не е легитимно да напаѓате полициски службеници, да  ги каменувате судовите и да се обидувате на таков агресивен начин да смените судска одлука.

*Изминатава и оваа година имаше неколку меѓуетнички инциденти. Она што според експертите за безбедност треба да загрижува е вмешувањето на религиските елементи во тие инциденти. Можно ли е етничките несогласувања да прераснат во меѓуверски сериозни конфликти на подолг рок?

ЈАНКУЛОСКА: Ризикот од инциденти инспирирани од верски разлики постоел и постои секаде. Дури и во земји како Белгија бевме сведоци на напад врз претставници на еврејската заедница. Македонија досега успешно ги надминувала овие предизвици. Работите што не поврзувале секогаш биле многу повеќе од оние кои не раздвојуваат. Ги следам размислувањата на експертите, но ценам дека наместо бавење со црни сценарија и ширење дефетизам или лоши предвидувања, би било многу пожелно кога истите би се ангажирале на продлабочивање и на меѓуетничките и на меѓурелигиозните врски. Впрочем нашата иднина зависи од нас. Кај нас постои една лоша навика доколку се случи било каков инцидент помеѓу лица со различна етничка припадност, истиот веднаш да се припишува на припадноста на различните етнички или религиозни групи. Како да не може да постои некој друг мотив или причина. Како да не се случуваат исти такви инциденти и меѓу лица од иста етничка заедница. Ваквото гледање на работите влијае и врз натамошно продуцирање на нови инциденти. Затоа за нас во МВР сторителите не ги делиме по нивната етничка или религиозна припадност. За нас постојат граѓани кои го почитуваат законот и граѓани кои не го почитуваат и треба да бидат санкционирани.

*Се случија и неколку инциденти на спортските натпревари, што веќе со години е контиуитет. Има ли простор за некакви законски измени кои ќе предвидат поригорозни санкции за инциденти од таков тип?

ЈАНКУЛОСКА: Секако дека има простор за корекции во законот. Ние постојано ја следиме проблематиката како кај нас, така и во соседството и пошироко. Свесни сме дека нашите закони не се најсовршени, но од друга страна знаеме дека нема универзално решение за сите проблеми. Мора да го најдеме идеалниот модел кој би дал резултати кај нас. Мора истиот да биде целосно имплементиран за да може да дадеме релевантна оценка. Конкретно од постојниот закон веќе се направени сите подготовки за водењето на регистарот на нарушители на јавниот ред и мир на спортските терени и од страна на судот веќе е изречена првата пресуда. Идеална би била состојбата кога на сите натпревари организаторите би можеле да обезбедат високи стандарди на стадионите и во салите каде што се одржуваат натпреварите, но тоа е процес кој е веќе започнат. Се повеќе се инвестира во спортската инфраструктура и јас сум оптимист и очекувам да се подобри состојбата. Зголемувањето на санкциите е уште една опција со која ќе може да се испрати јасна порака дека на хулиганите и насилниците не им е местото меѓу вистинските љубители на спортот.

*Неколкуте полициски акции за сузбивање на уличната трговија со дрога однесе зад решетки неколкумина дилери. Како ја оценувате оваа акција?

ЈАНКУЛОСКА: Јас би рекла повеќе од неколкумина. Од почетокот на акцијата „Мрежа“ приведовме околу 110 лица осомничени дека на децата од соседствата, на луѓе кои секојдневно ги сретнуваме им дистрибуирале дрога. Во акцијата запленивме и над 510 килограми различни наркотици вредни милиони евра. Јас ја оценувам исклучително позитивно оваа акција, но уште поважна е оценката која што ја даваат граѓаните. Во секојдневните контакти тие ни искажуваат благодарност бидејќи со тргнувањето на овие луѓе од улиците се враќа мирот и безбедноста во нивните маала. Свесни сме дека расчистувањето со поситните дилери и запленувањето на помали количини дрога која се дистрибуира на мало низ улиците го нема истиот медиумски ефект и истото меѓународно значење како заплената на половина тон кокаин, но за една мајка од Гази Баба или Аеродром, многу е поважно нејзиното дете да не биде доведено во искушение да земе дрога од некој дилер кој со препродажба на мало се обидува да ги задоволи своите потреби од дрога. Затоа планираме да продолжиме со актцијата уште пожестоко и да им понудиме и нови можности на граѓаните за пријавување на сомнителни лица.

*Опозицијата Ве обвини за драстично нарушување на безбедноста во државата. Како аргумент беа користени двојните убиства кои од почетокот на годинава до крајот на Август се случија во Скопје, Охрид и Вевчани. Дали се влошува безбедноста?

ЈАНКУЛОСКА: Доволно е да се проанализираат овие случаи за да се утврдат манипулациите и евтината политичка реторика која треба да ја компензира безидејноста во работењето на опозицијата. Прво и најважно, сите овие четири двојни убиства се расчистени. Сторителите се познати и поголемиот дел од нив веќе се приведени. Во првиот случај на почетокот на годинава сторителот пукаше во своите соседи во Чаир. Во вториот случај во населбата Аеродром, сторителот си пресуди самиот откако претходно зараид недоразбирања пукаше в двете сестри, во третиот случај во Вевчани, како и во четвртиот во Охрид пвторно имавме лични причини како мотив. Ниеден од овие случаи не ја тангира општата безбедност, иако јавноста со право е вознемирена после секоја ваква сторија. Сепак времето на мафијашки пресметки и масовна изнуда и рекет, за владеењето на СДСМ е далеку зад нас. Впрочем тоа го говорат и бројките. Точно дека за првите осум месеци имавме 19 убиства што е зголемување во однос на минатата година, но јавноста треба да знае дека лани имавме рекордно мал број убиства, односно само 20. Оваа бројка на убиства ја немало уште од 80-тите години, односно од поранешна СФРЈ. За воља на вистината од 2006 година кога ја презедов функцијата, бројот на убиства континуирано се намалува од 42 на најниските 20 во текот на 2013. Доволно е само да се направи споредба со показателите од времето на СДСМ. Имено во 2002 година се регистрирани 65 убиства, во 2003 неславен рекорд од 75 убиства, во 2004 имало 56 убиства, а во 2005 53 убиства. Кога на тоа ќе се додаде на пониската ефикасност во периодот до 2006 година, станува јасно колку СДСМ и нивните експерти се компетентни да зборуваат за безбедносната состојба.

*Како дел од новата програма со која излеговте пред граѓаните беше и проектот „Предложете сообраќајна контрола“. Каков е одзивот на граѓаните и очекувате ли да се подобрат состојбите во сообраќајот?

ЈАНКУЛОСКА: За жал не можеме да бидеме целосно задоволни од состојбите во сообраќајот. Секој изгубен човечки живот е важен и затоа не би сакале ова прашање да го сведуваме само на гола бројка. Загрижува податокот што во преку 95% од случаите, како причина за несреќите се јавува човечкиот фактор, односно непочитувањето на сообраќајните правила и прописи. Од тие причини го зголемивме нашето присуство на улиците и од тие причини го реализиравме и проектот. Очекуваме граѓаните да бидат наш асистен, односно да добиеме уште повеќе релевантни податоци за состојбата на улиците и местата каде што треба истата да се корегира. Заклучно со 22 Август добивме 177 барања од граѓаните во кои истите ни посочуваат критични локации, односно повеќе од 5 барања секој ден. Постапуваме по секое барање поединечно и досега имаме преземено преку 300 мерки, односно повеќе од 10 на дневно ниво. Тука спаѓаат прекршочните пријави, опомените, платните налози и се друго што ни стои на располагање. Свесни сме дека навиките не може да се сменат преку ноќ и затоа на некои локации кои ни беа посочени како критични од страна на граѓаните се враќаме и по неколку пати. Веруваме дека нашата одлучност ќе вроди со плод и дека ќе успееме да влијаеме на посовесно почитување на сообраќаните правила и прописи, а следствено на тоа и на помалку жртви во сообраќајот.

*Во тек е огласот за прием на нови 50 лица во Министерството за внатрешни работи, со високо образование на специфични позиции. Бевме сведоци изминативе две години на два конкурса за прием на полициски службеници каде на прилично транспарентен начин се вршеше проверка на кандидатите. Каков е интересот и до каде е процесот на подмладување на Министерството?

ЈАНКУЛОСКА: Најважниот чекор во професионализација на полициската служба го направивме со измените на законите за полиција и за внатрешни работи, односно со воведувањето на системот на кариера. Реализирањето на овие конкурси е само демонстрација на нашата решителност да истраеме во реформите и да добиеме крајно професионална служба која ќе биде сервис на граѓаните во вистински смисол. Затоа се обидуваме да наметнеме високи, но пред се јасни, објективни и мерливи критериуми при селекцијата за влез во министерството. Затоа воспоставивме транспарентни процедури и за селекција и за жалба по донесените одлуки. Веројатно затоа и ја добивме најдобрата генерација на нови полицајци која ја промовиравме годинава. Затоа и со новиот конкурс се обидуваме да привлечеме што е можно поголем број кандидати кои ќе бидат оценувани согласно претходно воспоставени критериуми кои треба да ни ги издвојат најдобрите. Конкурсот набргу треба да заврши, односно првата фаза на аплицирање, по што ќе следува фазата на селекција. Таква беше процедурата и при селектирањето на пилоти, а така ќе продолжиме и во иднина бидејќи веруваме дека само на тој начин може да се подигне персоналниот капацитет и угледот на институцијата.