Јанукович се враќа во Украина како претседател?

Поранешниот претедател на Украина, Виктор Јанукович има намера да се врати во својата татковина и повторно да стане претседател, вели неговиот адвокат Виталиј Серџук, пренесува ТАСС.

Тој има намера да се врати во украина и за тоа ќе бидат преземени правни чекори. Јанукович не отстапи доброволно од функцијата претседател. Процедурата за неговото симнување од власт помина со грубо кршење на уставот во Украина, изјави неговиот адвокат за руските медиуми.

Виталиј Серџук изјави дека до ден денешен не постои меѓународна потерница за Јанукович и дека тој може слободно да патува низ светот. Но, како што додаде, Јанукович неможе да се чувствува безбедно во Украина.

Неодамна, односно на 22-ри февруари поминаа точно две години од државниот удар и бегството на Виктор Јанукович. Врховната влада ги укина неговите претседателски овластувања, а Генералното Обвинителство на Украина покрена најмалку 20 кривични постапки против поранешни функционери.

Но, најверојатно, поранешниот претседател чека поволна клима во земјата каде владееше 4 години. Јанукович претходно 2 години беше премиер на Украина.