Јанукович доживеал тежок инфаркт?

Поранешниот претседател на Украина, Виктор Јанукович е во тешка состојба и е хоспитализиран во Москва, пишува „Московски Комсомољец“.

Рускиот претседател, Владимир Путин, ги демантирал претходните информации дека Јанукович починал од срцев удар. Путин рекол дека Јанукович е „жив и здрав“ и дека се видел со него.

„Нашиот извор вели дека Јанукович доживеал инфаркт, неговата состојаба е тешка“, пишува весникот.

Оттаму не навеле ниту во која болница е сместени и признаваат дека засега нема официјална потврда за информацијата.