Јанукович на работна средба со Путин

89

Претседателот Владимир Путин денеска ќе одржи работна средба со украинскиот колега Виктор Јанукович во Москва. Се предвидува на средбата да биде постигнат договор за руски кредит за Украина и намалување на цената на рускиот гас. Ваквиде дејствија ќе се преземат за да се отфрлат обвнувањата на украинската опозиција дека Јанукович ја отргнува земјата од Европската унија, токму поради тоа што сака да го избегне притисокот и да ги задржи добрите односи со Русија.

Киев има потреба од 17 милијарди долари за надворешни плаќања за 2014 година, што речиси е еднаква со резервите на централната банка. Според добро упатени извори во Киев зделката може да достигне 15 милијарди долари, а одлуката може да биде донесена на денешната средба во Москва. Украинската опозиција е подготвена за масовниот протест против намерата на претседателот Јанукович да потпише обврзувачки договори со Русија во Москва.

Антивладините демонстранти во Киев донесоа решение за денешната средба. Тие му забрануваат на Јанукович да потпишува било какви договори во име на украинскиот народ. Министрите за надворешни работи на ЕУ се обидоа да ги смират својот руски колега Сергеј Лавров, дека трговската спогодба меѓу блокот и Украина нема да им наштети на Русија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.