Јанукович нема да дозволи ескалација на конфликтот

За време на посетата во Сочи претседателот на Украина, Виктор Јанукович се состана со генералниот секретар на Обединетите Нации, Бан Ки Мун, со кого разговарал за ситуацијата во Украина, пренесе „РИА Новости“.

Украинскиот претседател истакнал дека украинската власт ќе вложи максимални напори да не дозволи ескалација на конфликтот.

„Во последно време направивме значајни чекори во процесот на мирното решавање на политичката криза во Украина“, рекол Јанукович.

За време на разговорот украинскиот претседател му се заблагодарил на генералниот секретар на ОН за вниманието посветено на Украина, истакнувајќи дека Киев се однесува внимателно кон иницијативите за решавање на политичкиот конфликт.