Јанукович за два дена треба да одреди датум за предвремени избори

50

Украина продолжува да е во обрачот на протестите. Демонстрантите му поставија ултиматум на претседателот Виктор Јанукович да одреди датум за предвремени избори во наредните два дена. Доколку не го исполни нивното барање, демонстрантите се закануваат со деноноќна блокада на владините згради.

За прв пат владејачките сили разговарале за предвремени избори. Вицепремиерот Сергеј Арбузов објави дека владата е подготвена да преговара со опозицијата и не ја исклучил можноста за предвремени претседателски и парламентарен избори.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.