Јанушев: 2019 е година на економијата, затоа што ВМРО ќе победи

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев, во интервју за Алсат-М изјави дека опозицијата има многу причини да бара предвремени парламентарни избори.

„Тоа е една од опциите. Во моментот сите опции се отворени. Не би сакал да избрзувам за чекорите кои ќе ги преземеме. На почеток да видиме како Владата ќе одговори на нашите барања. Од тоа што сме слушнале и СДСМ се изјаснила дека опцијата и таму е отворена. Да видиме како ќе се одвиваат работите во периодот што следи и врз база на тоа ќе ги градиме нашите идни чекори. Се надеваме Заев и СДСМ ќе го прифатат нашето барање бидејќи и самите кажале дека во нивниот фокус е економијата. Ако навистина сакаат економија, тогаш ние сметаме дека изборите се добра можност и на истите ВМРО ќе победи и 2019 ќе биде година на економијата“, рече Игор Јанушев, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.