Јанушев: Гласачките се разочарани и револтирани поради безидејноста и лошите политики на СДСМ и Заев

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев во вечерашното гостување во емисијата Анализа на ТВ 24 посочи дека слабата излезеност во првиот круг на претседателските избори е поради апатијата на гласачкото тело поради безидејноста и лошите политики кои ги води владата на СДСМ и Зоран Заев.

Се наметнува прашањето зошто владее апатија меѓу гласачкото тело, а тоа е поради безидејноста и поради лошото водење на државата од страна на власта, тоа е од една страна, немањето буквално на никакви успеси на било кое поле во државата, најнеспособна влада во историјата на Македонија, а исто така од друга страна и целиот оној терор, закани, притисоци, уцени кои што ги правеа во минатото и за време на референдумот и по референдумскиот период меѓутоа и истиот овој начин на делување и за време на кампањата и пред кампањскиот процес, вели Јанушев.