Јанушев: Како власта крати милиони евра за кампања за референдумот без ребаланс

Генералниот секретар на ВМРО – ДПМНЕ, Игор Јанушев во денешното интервју дадено за вестите на Канал 5 телевизија рече дека кампањата која ќе ја води владата на СДСМ за референдумот ќе биде еден вид на партиска кампања, што според него е тотално недозволиво, и запраша дали однапред ќе се знаат кој ќе ги добива парите

Sсмета дека ќе се потроши огромна сума пари без притоа да се направи ребаланс на Буџетот, истакнувајќи дека можно е веќе и однапред да се знаат фирмите на кои ќе им бидат доделени средствата за организирање на кампањата, бидејќи според него начинот на владеење и управување со народните пари е веќе добро познат на јавноста.

„Од начинот на којшто сега ја раководат државата веројатно веќе ги знаат и фирмите на кои ќе им бидат доделени тие средства. Она што е исто така интересно е што ќе се потрошат голема сума на пари за водење на партиска кампања, што е тотално недозволиво“, вели Јанушев.

За тоа дали ВМРО-ДПМНЕ ќе води некаква кампања, Јанушев истакна дека треба да се почека да се соопшти официјалниот став на партијата, посочувајќи дека се вршат консултации и анализи со граѓаните на терен, како и анализи и консултации во органите на партијата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.