Јанушев: Moжно e да ги бојкотираме претседателски избори

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев, за Алсат вели дека опозицијата може да ги бојкотира претстојните претседателски избори во мај доколку Собранието не изгласа предвремени парламентарни избори.

За избор на претседател е потребен цензус од 40 отсто излезност, а доколку опозицијата бојкотира, шансите ќе бидат мошне големи да не се избере шеф на државата. Двегодишниот мандат на Ѓорѓе Иванов истекува, а на 3 февруари се очекува да се распишат изборите за нов претседател.

Јанушев изјави дека има неколку причини зошто опозицијата повикува на предвремени парламентарни избори заедно со претседателските избори. Меѓу причините тој ги наведува уставните промени што ги смета за насилни и несоодветни, економските неуспеси и недостатокот на реформи.