Избирачите гледаат што се случува и ја казнија актуелната власт на СДСМ и ДУИ, оцени во понеделникот вечерта во настапот на телевизија 24, генералниот секретар на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев, коментирајќи ги резултатите од првиот круг на претседателските избори по кој во вториот круг речиси израмнети спореда апсолутниот број освоени гласови влегуваат кандидатите на власта и опозицијата, но кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ има апсолутни победи во повеќе општини.
Јанушев потсети дека во предизборната кампања имаше случаи на
на кражба на изборен материјал, имаѓе вербални напади на активисти од ВМРО-ДПМНЕ, кога неговиот колега по должност, генералниот секретар на СДСМ, Александар Кирацовски се обврза да побара одговорност но две недели поминаа сеуште одговорност нема.
„Неколку дена пред гласањето имаше полициски службеници кои влегуваа во штабови на опозицијата. Да не ја заборавиме и апликацијата со која се обидовте да собирате мета дата податоци од граѓаните. Тоа го виде цела македонска јавност, вели Јанушев“.
Јанушев порача дека ВМРО-ДПМНЕ победи во 47 општини, а пред само година дена имаше освоено само 5 општини.
„Ова ВМРО со третата генерација во ВМРО вчера на изборите ви зема 47 општини, а вие освоивте победи само во 17 општини. Во Скопје нема каде имате победено, ви се случува потоп. Со многу самоувереност се расфрлавте во претходните емисии, но ви се случува потоп, предноста ви е 0,6 отсто а тоа не се ни кажува како статистичка грешка. Ви се случи народ, народот ја препозна шансата, народот гледа што се случува и народот ве казнува, опозицијата ја победи власта во Македонија, позицијата има 70.000 гласа повеќе од власта“, посочи Јанушев.