Јанушев: Почна падот на Заев, ВМРО ДПМНЕ се враќа на голема врата

Власта е детронизирана, народот го поразува прениерот Зоран Заев, власта е во пад и брзо ќе замине, рече генералниот секретар на ВМРО ДПМНЕ, Игор Јанушевм, на вечерашната прес-конференција.

Јанушев оцени дека власта во неделата на вториот изборен круг од претседателските избори покажала дека не знае да организира избори преку обиди за манипулација, поткуп и закани.

„Денеска имаше низа нерегуларности, изборен инжинеринг што не е ништо друго освен паника на власта за своите фотељи. Нашите индиции говорат дека имаше организирано семејно гласање, случаи на поткуп, злоупотреби на полицицијата. Таков е примерот во Тризла во Прилеп каде преку закани и поткуп организирано беа носени граѓани на гласање. Ново Село каде денеска има и локални избори беше под полициска опсада. Во Битола беше присутно целото подземје во градот, ги знаеме и регистерските таблички на автомобилите со кои се возеа, а тоа најдобро го знае Спасовски. Во Шуто Оризари со такси компанија на СДСМ организирано беа носени граѓани на гласање, рече Јанушев.

Генералниот секретар на опозициската партија укаже дека вакви нерегуларности имало и во Штип, Радовиш и во Куманово.

„Денеска народот победи, според првичните резултати очекуваме одличен резултат. ВМРО ДПМНЕ ќе има најмногу гласови – тоа е новата реалност. ВМРО ДПМНЕ се враќа на голема врата“ кажа Јанушев.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.